English   
     




Користи Open Office


За нас

 

Краток преглед на активности

         Бирото за јавни набавки е формирано како орган во состав на Министерството за финансии и нема својство на правно лице. Тоа функционира како единствен централен орган без подрачни единици. Неговото формирање претставува важен момент во унапредувањето на системот на јавни набавки кој насекаде во светот е многу динамичен и постојано се менува. Токму оваа негова карактеристика, но и фактот што јавните набавки се битен сегмент од јавната потрошувачка во стопанството, ја наметна потребата од создавање на вакво тело кое на секојдневна основа ќе ја следи имплементацијата на Законот за јавни набавки и ќе дава насоки за подобрување на системот. Република Македонија не е единствена која има некој облик на агенција за јавни набавки. Општ тренд е земјите од Источна и Југоистична Европа да креираат вакви органи, вклучувајќи ги тука и новите земји-членки на ЕУ (Полска, Словачка и други), а тоа е препорака и на Светска банка и други меѓународни институции и организации кои имаат долга традиција на јавни набавки. Целиот опфат на надлежности на Бирото се регулирани со Законот за јавни набавки. Така, Бирото ги врши следниве работи:

  • иницира предлози за донесување на законски и други акти од областа на јавните набавки до министерот за финансии;
  • го следи и анализира спроведувањето на законот и другите прописи за јавни набавки, функционирањето на системот на јавните набавки и иницира промени за подобрување на системот на јавните набавки;
  • дава мислења во врска со одредбите и примената на овој закон;
  • обезбедува совети и дава помош на договорните органи и економските оператори;
  • подготвува модели на стандардна тендерска документација и модели на стандардни формулари за постапките регулирани со овој закон;
  • води единствена евиденција на договорите за јавни набавки и истата ја одржува и ажурира и ја прави достапна до јавноста преку својата веб страница;
  • прибира, ги обработува и анализира податоците за јавни набавки и подготвува статистички извештаи;
  • за констатираните неправилности од добиените известувања веднаш ги информира договорните органи, а по потреба и надлежните органи;
  • утврдува минимални услови за професионалните квалификации за лицата кои вршат стручни работи за јавните набавки;
  • организира и врши обука за едукација на службеници и на други стручни лица во врска со јавните набавки;
  • управува и оперира со својата веб страница и Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН);
  • соработува со меѓународните институции и други странски субјекти за работите поврзани со развојот на системот на јавните набавки;
  • остварува меѓународна соработка во врска со системот на јавните набавки и ја планира и ја координира странската техничка помош на полето на јавните набавки;
  • поднесува годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавните набавки;
  • дава упатства и изготвува прирачници и коментари на правилата за јавни набавки и издава електронски билтен, и
  • врши други работи утврдени со овој закон.

                 Со работата на Бирото за јавни набавки раководи директор кој го именува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за финансии за период од четири години. На својата 2-та седница одржана на 05.09.2006 година, Владата на Република Македонија ја именуваше Маре Богева Мицовска за директор на Бирото за јавни набавки. Бирото за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија и пред министрот за финансии. Во моментов Бирото е сместено во зградата на Технометал на четврти кат, заедно со уште неколку сектори на Министерството за финансии. Подолу можете да ја видите и организациската структура со контакт информации за сите вработени. Една од основните заложби на Бирото е да се зголеми транспарентноста и достапноста до информации на јавноста. 




 

Контакт

Биро за јавни набавки
Даме Груев 14
1000 Скопје, Република Македонија
Тел +389-2-3111074
Факс +389-2-3126027
Е-пошта kontaktjn@finance.gov.mk



 

Директор на Бирото за јавни набавки

Маре Богева Мицовска
Тел +389-2-3111074
Факс +389-2-3111074
Е-пошта mare.bogeva-micovska@finance.gov.mk



 

Сектор за нормативна дејност и унапредување на системот за јавните набавки

Рита Глигоријевска
раководител
Е-пошта rita.gligorievska@finance.gov.mk

Александар Аргировски

помошник раководител
Е-пошта aleksandar.argirovski@finance.gov.mk


Одделение за нормативно-правни работи и меѓународни односи

Јонче Димков
советник за нормативни работи од областа на градежништвото
Е-пошта jonce.dimkov@finance.gov.mk

Христијан Ангелески
помлад соработник за нормативни и правни работи
Е-пошта hristijan.angeleski@finance.gov.mk


Одделение за имплементација на Законот и за обуки

Суад Зејнуловиќ
помлад соработник преведувач за албански јазик
Е-пошта suad.zejnulovic@finance.gov.mk




 

Сектор за регистри, статистика и анализа

Емил Јанчевски
раководител
Е-пошта emil.jancevski@finance.gov.mk

Марија Јованоска

помошник раководител
Е-пошта marija.jovanoska@finance.gov.mk


Одделение за регистри и развој на ИТ

Милица Јовановска
помлад соработник 
Е-пошта milica.jovanovska@finance.gov.mk         
 
Јулијана Бојчева
самостоен референт за регистри и објави
Е-пошта julijana.bojceva@finance.gov.mk

Јованка Смилевска

самостоен референт за регистри и објави 
Е-пошта jovanka.smilevska@finance.gov.mk
 


Одделение за статистика, анализа и односи со јавноста

Горан Давидовски
советник
Е-пошта goran.davidovski@finance.gov.mk

Кирил Каранфилов
помлад соработник
Е-пошта kiril.karanfilov@finance.gov.mk