Закон за јавни набавки
Закон за јавните набавкиСлужбен весник на Република Македонија бр. 136/07. | |||
| |||
| |||
Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавкиСлужбен весник на Република Македонија бр. 130/08. | |||
| | |||
Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавкиСлужбен весник на Република Македонија бр. 97/10. | |||
| |||
Закон за јавни набавки - пречистен текст (работна верзија)Ова е е неофицијална, работна верзија каде во основниот текст на законот се внесени измените и дополнувањата од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки. | |||
|
Почитувани,
Ве известуваме дека приходната сметка на Бирото за јавни набавки се менува од старата сметка број 090010016763136 во нова сметка број 090016148463115.
Приходната шифра и програма 724125 50 за остварениот приход од објавени огласи како и приходната шифра и програма 724149 50 за оставрените приходи од едукација, остануваат непроменети.
Собранието на Република Македонија, на својата 109-та седница го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки. Законот влегува во сила на 28 јули 2010 година. Истиот е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 97 од 2010 година, а можете да го преземете тука.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки се воведуваат повеќе новини, од кои би издвоиле неколку:
Се предвидува јавно отворање на понудите и кај постапките кои завршуваат со електронска аукција. Со оваа измена повеќе не се прави разлика дали постапките завршуваат со електронска аукција или не. Тоа значи дека сите постапки кои ќе се објават на ЕСЈН на 28 јули и по овој датум ќе имаат предвидено јавно отворање во огласот, за што се направени потребните подесувања во системот.
Се воведуваат два нови документи за докажување на личната состојба како резултат од усогласувањето на Законот за јавните набавки со измените во Кривичниот законик:
- Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавни набавки и договори за јавно приватно партнерство и
- Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност.
Овие потврди ги издава Централниот регистар на Република Македонија.
Исто така, уверението дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност ќе се издава во вид на потврда, од страна на Централниот регистар на Република Македонија. Уверенијата кои се претходно издадени од надлежен орган може да се користат во постапките за доделување на договори за јавни набавки до истекот на шест месеци од денот на нивното издавање.
За да се скрати времето за донесување на одлуките за избор, се воведува временско ограничување на времето кое договорниот орган го има да ја заврши постапката. Според ова решение, договорниот орган мора да донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот кој економските оператори за поднесување на понудите или пријавите за учество. Тоа значи дека кај постапката со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, договорниот орган ќе треба да изврши избор на најповолна понуда во рок од 14 дена од крајниот датум за поднесување на понудите. Кај отворената постапка овој рок би изнесувал 26, односно 52 дена во зависност од проценетата вредност на набавката.
Исто така, со последните измени се зголемува процентот на задолжително користење на електронските аукции во 2011 година од 50% на 70%. Се менува и начинот на пресметување на овој процент, наместо од проценетата вредност на планираните набавки на бројот на објавени огласи, што треба да ја олесни примената на предметната законска одредба. Сепак, треба да се има предвид дека за оваа година нема промени во процентот и во начинот на премсетување на истиот.
Овој водич во електронска форма е изработен од Бирото за јавни набавки, во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Бирото за лекови, а на иницијатива на група на економски оператори кои најчесто учествуваат во постапките за доделување на договори за јавни набавки во здравствениот сектор. Истиот можете да го преземете во делот Публикации.
Бирото за јавни набавки ја изготви и ја донесе Стратегијата за развој на системот на јавните набавки за периодот 2010-2012 година. Истата можете да ја преземете од менито „Стратешки документи“.
Објавен е Извештајот за активностите на Бирото за јавни набавки во остварувањето и функционирањето на системот на јавните набавки во 2009 година. Истиот можете да го преземете од тука.
Сите проблеми во врска со Електронскиот систем за јавни набавки ве молиме да ги пријавувате на следните телефони:
English
Macedonian
