Стандардна тендерска документација
Спроведување на јавните набавки по електронски пат, елиминирање на работата со хартиени документи и поголема ефикасност и економичност во спроведувањето на постапките за доделување договор за јавни набавки нуди новиот Интегриран систем за јавни набавки.
Со овој систем, што на 10 февруари, беше промовиран од страна на Бирото за јавни набавки, им се овозможува на договорните органи и деловната заедница по електронски пат да ги спроведуваат и да учествуваат во постапките за јавни набавки, а јавноста има можност на транспарентен начин да го следи трошењето на јавните средства во државата.
Во присуство на голем број на гости, системот го промовираа вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, амбасадорот на САД во Република Македонија г. Филип Рикер и директорот на Бирото за јавни набавки м-р Маре Богева Мицовска.
Интеграцијата на Електронскиот систем за јавни набавки ја реализираше Бирото за јавни набавки во соработка со Проектот на УСАИД за е-Влада и Министерството за информатичко општество.
Сите проблеми во врска со Електронскиот систем за јавни набавки ве молиме да ги пријавувате на следните телефони:
Ве известуваме дека од 11.01.2010 година започна да функционира новиот интегриран Електронски систем за јавни набавки.
Новиот ЕСЈН ги интегрира досегашните два система: Информацискиот систем за огласи и известувања (ИСЈН) и Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истиот од 11.01.2010 година ќе биде задолжителен за користење, како во делот на објавување на оглaсите за доделување на договори за јавна набавака, известувањата за склучени договори и/или поништување на постапките, така и во делот на спроведување на е-аукции.
Почитувани
Поради големиот интерес за обуките за новиот интегриран Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН) ве известуваме дека Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии ќе одржи уште една обука на ден 24.12.2009 од 10:00-14:30 часот.
Новиот ЕСЈН ги интегрира досегашните два система: Информацискиот систем за огласи и известувања (ИСЈН-https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk) и Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН -https://www.e-nabavki.gov.mk) и истиот од 01.01.2010 година ќе биде задолжителен за користење, како во делот на објавување на оглaсите за доделување на договори за јавна набавака, известувањата за склучени договори и/или поништување на постапките, така и во делот на спроведување на е-аукции.
Обуката ќе се одржи во Домот на АРМ Скопје - (сала број 3), на 24.12.2009 година.
БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
http://javni-nabavki.finance.gov.mk
И З В Е С Т У В А Њ Е
Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии, ги известува сите договорни органи кои подлежат на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ” бр.136/2007 и 130/08), дека ќе организира обука за новиот интегриран Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).
Новиот ЕСЈН ги интегрира досегашните два система: Информацискиот систем за огласи и известувања (ИСЈН-https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk) и Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН -https://www.e-nabavki.gov.mk) и истиот од 01.01.2010 година ќе биде задолжителен за користење, како во делот на објавување на оглaсите за доделување на договори за јавна набавака, известувањата за склучени договори и/или поништување на постапките, така и во делот на спроведување на е-аукции.
Обуките ќе се одржат во Домот на АРМ Скопје - (сала број 3), во деновите:
- 14 декември 2009 година (понеделник) од 10:00-14:30 часот,
- 18 декември 2009 година (петок) од 10:00-14:30 часот и
- 21 декември 2009 година (понеделник) од 10:00-14:30 часот.
За присуство на обуките не е потребна предходна најава и истите се бесплатни.
БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
http://javni-nabavki.finance.gov.mk
Ве известуваме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки има нова Веб страна која е во употреба од 07.10.2009 година. Новата Веб страна е www.dkzjn.mk и на истата се наоѓаат сите податоци за Државната комисија, а воедно на оваа страна ќе бидат објавувани и решенијата донесени од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Од денеска договорните органи и економските оператори можат да ги прегледуваат сите доставени жалби до Државната комисија за жалби по јавни набавки на дневна основа
Бирото за јавни набавки го издаде првиот број на електронскиот билтен за јавни набавки за периодот јануари-март 2009 година. Истиот можете да го преземете тука ...
Почитувани,
Ве известуваме дека Државната комисија за јавни набавки се пресели во новиот административно-деловен простор кој се наоѓа на бул.Илинден бр.63 а Скопје.
Новите телефонски броеви кои во иднина ќе ги користи Државната комисија.
Централа 02/ 3251-251
Архива 02/ 3251-260
Факс 02/ 3251-250
Почитувани посетители, ова е новата веб страница на Бирото за јавни набавки. Новиот дизајн и функциоиналности ќе ви помогнат полесно да ги најдете сите информации за јавните набавки кои ви стојат на располагање. Се надеваме дека веб страницата ќе биде интересна не само за оние кои професионално се занимаваат со јавни набавки, туку и за сите оние кои сакаат да се запознаат со оваа проблематика.
English
Macedonian
