Согласно членот 58 став 2 од Законот за јавните набавки ако документите се доставуваат со користење на електронски средства, се применуваат прописите со кои се уредува електронскиот потпис.
Заради задоволување на горенаведениот законски услов Бирото за јавни набавки ве информира дека е потребно да набавите дигитален сертификат за електронско потпишување на документите. Дигиталниот сертификат што треба да се набави е од типот
PKCS#12 стандард. Овластени издавачи на дигитални сертификати во Република Македонија се
Македонски телекомуникации и
КИБС.
Со почит,
Биро за јавни набавки