Работилница во врска со електронски јавни набавки
Објава: 13:22 - сре., 03.10.2007Опис:
На 25-26 септември беше одржана работилница во организација на Пактот за стабилност и УСАИД во врска со e-governance. Во делот за електронски јавни набавки учество зедоа претставници од Бирото за јавни набавки. Оваа работилница беше организирана на регионално ниво со гости од повеќе земји. Беа разменети искуства во врска со електронските јавни набавки помеѓу учесниците и беа презентирани повеќе проекти од оваа област кои се одвиваат во земјите - членки на ЕУ, како и во земјите кандидати за членство. Бирото го презентираше проектот ELLECTRA-WeB.




