СЕМИНАРИ И РАБОТИЛНИЦИ
Објава: 12:14 - пон., 04.02.2008 На 11-12 и 13-14 февруари Бирото за јавни набавки во соработка со USAID ќе спроведе две дводневни обуки на тема "Ефективни јавни набавки", што ќе се одржат во Скопје во хотел Карпош.
Изборот на учесниците на обуките беше направен врз основа на поднесените пријави кои беа доделувани на присутните претставници на договорните органи на презентацијата на новиот Закон за јавните набавки што се одржа во хотел Александар Палас во Скопје на 3 декември 2007 година како и пријавите поднесени во електронска форма преку веб сајтот на проектот е-влада.
На 26 и 27 февруари 2008 година Бирото за јавни набавки во соработка со проектот е-Влада на USAID ќе организира две еднодневни работилници за економските оператори, на кој ќе биде презентиран начинот на користење новиот систем на ЕСЈН.Сите заинтересирани економски оператори (по еден претставник) можат да го пријават своето учество во проектот е-Влада, на следната е-маил адреса elena@egov.org.mk најдоцна до 18 февруари 2008 година.




