English   
     




Користи Open Office


Известување до економските оператори




Известување до економските оператори

Опис:

Почитувани,

Ве информираме дека на Информацискиот систем за јавни набавки, до кој можете да пристапите преку интернет адресата https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk, можете да се информирате за сите огласи за доделување на договори за јавни набавки во Република Македонија објавени од страна на Договорните органи и тоа :

  • огласите за спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди се однесуваат на  договори за јавна набавка со проценета вредност до 20.000евра за стоки и услуги и до 50.000евра за работи, а се објавуваат на интернет страната https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk.  Пребарувањето на овие огласи можете да го направите преку менито: Прегледи/Листања – Огласи за барање за  прибирање на понуди,

  • другите огласи за доделување на договори за јавна набавка за постапките пропишани со Законот за јавните набавки, а чии предмет на договори за јавна набавка за стоки и услуги е со проценета вредност над 20.000евра  и над 50.000евра за работи, како и огласите за конкурс за избор на идејно решение, а се објавуваат на интернет адресата https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk. Овие огласи можете да ги пребарувате во менито: Прегледи/Листања а потоа да го изберете соодветниот оглас: Огласи за доделување на договор за јавна набавка и Огласи за конкурс за избор на идејно решение.


Пребарувањето на сите огласи објавени на интернет страната https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk  можете да го вршите по следните параметри:

            -Број на огласот

            -Предмет на договор

            -Вид на договор

            -Договорен орган

            -Период за пребарување

 

 

                                                                                    БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ



на почеток