Јавните набавки претставуваат процес на користење јавни средства од страна на одреден јавен орган, заради добивање надворешни ресурси, најчесто од комерцијални понудувачи. Со цел да се регулира ваквиот процес, а како дел од реформата на јавниот сектор и во однос на нашето идно членство во ЕУ, Македонија усвои модерен Закон за јавни набавки,кој е усогласен со директивите на ЕУ, а кој беше објавен во Службен весник на РМ, 136/07.
Законот за јавни набавки ги уредува сите главни аспекти на активностите за набавки на владините и јавните органи, и им обезбедува механизми со кои им се овозможува остварување на најдобрата вредност за вложените пари при набавка на стоки, услуги и работи. Тој ги дефинира главните методи на јавните набавки и фазите при нивна примена.